ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ТЕТОВО, ЌЕ ВРАБОТУВА 890 ЛУЃЕ

    ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ТЕТОВО, ЌЕ ВРАБОТУВА 890 ЛУЃЕ„Е-го“ е компанија за електрични возила со седиште во Ахен, основана во 2015 (Фото: Влада)

    Директорот на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Тетово, Јован Деспотовски и менаџерите на германската компанија „Е-го“ денеска го потпишаа договорот за државна помош, со што започнува реализацијата на инвестицијата од 130 милиони евра, со која во Македонија ќе се произведуваат електрични автомобили. Фабриката ќе се гради во рамките на ТИРЗ на површина од 60.000 квадратни метри и ќе вработува 890 луѓе.

    Голема чест и задоволство е што денеска почнува нова инвестициска приказна, мултимилионска инвестиција на германската компанија ‘Е-го‘, првата фабрика за електрични автомобили во Северна Македонија и регионот. За првпат кај нас ќе се произведува целосен автомобил. Досега се произведуваа автоделови, но сега ќе се прави финален производ, корисен автомобил за урбани средини, одржлив, економичен и без штетни емисии. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга, зашто ова е наш влог за идните генерации“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

    Е-го“ е компанија за електрични возила со седиште во Ахен, основана во 2015, а првите примероци од нејзините погони беа испорачани во мај 2019.

    Чест е да се биде тука и да се сподели овој прекрасен момент. Ова е историски ден, ден кога креираме иднина. Пред 15 години ја напуштив земјата во потрага по подобра иднина и сега се враќам за да им оставам нешто на идните генерации. Северна Македонија со оваа микрофабрика станува една од ретките држави на светот во која ќе се произведуваат целосно електрични автомобили“, изјави извршниот директор на компанијата, Али Везваи.

    Директорот Јован Деспотовски најави дека до крајот на годината, во ТИРЗ треба да се реализираат уште два договора, со вкупна вредност од 160 милиони евра.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира