ПОВЕЛЕТЕ ДОКТОРКЕ ВУЈОВИЌ, ВЕ ЗНАМ ЈАС И ОД ДРУГИ ПОСТАПКИ, Ѝ КАЖА СУДИЈАТА СТАВРЕВ НА ДОКТОРКАТА КОЈА МУ ДАДЕ БОЛЕДУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ ОД „ТНТ“

    ПОВЕЛЕТЕ ДОКТОРКЕ ВУЈОВИЌ, ВЕ ЗНАМ ЈАС И ОД ДРУГИ ПОСТАПКИ, Ѝ КАЖА СУДИЈАТА СТАВРЕВ НА ДОКТОРКАТА КОЈА МУ ДАДЕ БОЛЕДУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ ОД „ТНТ“Распитот на докторката од Психијатрија Викторија Вујовиќ беше затворен за јавноста поради заштита на личните податоци на обвинетиот Тони Трајковски. - Вујовиќ пристигнува во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    На судскиот процес „ТНТ“ пак не дојде обвинетиот Тони Трајковски кој извади уверение од докторката од Психијатрија Викторија Вујовиќ дека поради физички напад имал психички последици и не можел да го следи судењето. Судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште ја повика докторката Вујовиќ да го објасни нејзиното тврдење за состојбата на Трајковски која што таа ја проценила.

    „Повелете докторке Вујовиќ, ве знам јас. Сте биле и во други постапки да објаснувате за обвинети кај мене“, ѝ кажа Ставрев на Вујовиќ.

    Вујовиќ истапи на пултот и тогаш според законот кој ги штити личните податоци на обвинетите тој ја отстрани јавноста од судницата додека траеше нејзиниот распит за боледувањето и за дијагнозата што му ги дала на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.

    Судењето за „ТНТ“, поради бескрајни опструкции преку адвокатите и обвинетите Трајковски и Елисавета Најдовска се врати од почеток и пресуда не се донесе, бидејќи една од поротничките се пензионираше.

    Лекарката Вујовиќ е позната по тоа што на обвинети скоро две децении им дава уверенија на обвинети дека не може да присуствуваат на судења поради што настапуваат одлагања на судски процеси. Еден од попознатите такви случаи беше тој од 2005 година за состојбата на Војо Михајловски поради што тој не отиде во притвор.

    Судењето продолжува на 6 февруари.

    Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира