Неколку земјотреси во низа со умерен до посилен интензитет повторно се почувствуваа во Охрид и околината ноќта помеѓу петок и сабота. Најсилниот, од 4,2 степен според Рихтер беше регистриран 4 минути по полноќ.
Останатите земјотреси беа помеѓу 2,7 и 3,7 степени. Серијата започна во 21.38 часот, а по најсилниот, потресите се чувствуваа и во 14 минути, 54 минути по полноќ и 1.10 часот.
Според ИЗИИС, во моментов Охридското епицентрално подрачје е најактивно во Европа.