ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „БОГОРОДИЦА“ ЗАТВОРЕН, ПОЖАР ОД ГРЧКАТА СТРАНА НА ГРАНИЦАТА

    ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „БОГОРОДИЦА“ ЗАТВОРЕН, ПОЖАР ОД ГРЧКАТА СТРАНА НА ГРАНИЦАТАСтрујата на Евзони е исклучена, а вработените се евакуирани. (Фото:СДК.МК)

    Избувна пожар на неколку метри над граничниот премин „Богородица/Евзони“, на грчката страна, по што тој е целосно затворен и не работи.

    Први да го гаснат пожарот влегле пожарникарите од Гевгелија, додека да дојдат грчките пожарникари. Во моментов тие го гаснат со хеликоптер.

    Како што велат сведоци од македонската страна на границата, струјата на „Богородица/Евзони“ е исклучена, а вработените се евакуирани. Интервенираат грчките противпожарни служби.

    Според фотографиите кои се испратени до редакцијата, во меѓуграничниот премин се заглавени коли, кои таму влегле пред да избувне пожарот денеска напладне.

    Се натрупаа коли на нашиот граничен премин. Во моментов колоната е до Гевгелија.

    Од грчката страна, како што дознаваме, сообраќајот е запрен до Поликастро. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.

    Министерството за внатрешни работи побара граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин во моментов.

    „Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран“, соопшти МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира