Поранешната зграда на Комерцијална банка на кејот на Вардар во Скопје утрово ја зафати пожар, во делот каде што се сместени државни институции.
Пожарот избувнал пред почнувањето на работното време, така што во тој момент немало вработени во просториите.
Противпожарните екипи го гаснат огнот на првиот кат, каде што се наоѓа Државниот инспекторат за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и новинската агенција МИА.