ПОЖАРОТ НА ПРЕМИНОТ „БОГОРОДИЦА-ЕВЗОНИ“ Е ИЗГАСНАТ, ОТВОРЕНА Е ГРАНИЦАТА

    ПОЖАРОТ НА ПРЕМИНОТ „БОГОРОДИЦА-ЕВЗОНИ“ Е ИЗГАСНАТ, ОТВОРЕНА Е ГРАНИЦАТАГраницата е отворена, сообраќајот се одвива нормално, соопшти МВР (Фото: СДК.МК)

    Граничниот премин „Богородица “повторно е пуштен за сообраќај, односно за влез во Грција, откако по неколку часа беше изгаснат пожарот што избувна денеска над над контролните објекти на грчката страна на граница. Струјата била исклучена, вработените евакуирани, границата беше затворена неколку часа.

    Пожарот е изгаснат, границата е отворена, сообраќајот се одвива нормално, соопшти МВР.

    Во меѓуграничниот простор имаше заглавено неколку колони возила, кои се нашле таму пред да се вивне огнот на грчката страна на преминот „Богородица“, односно „Евзони“. За миг се создадоа колони возила до Гевгелија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира