ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН СТИГНА ДО ОБЈЕКТИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ, АНГЕЛОВ ВЕЛИ СПРЕЧИЛЕ  ДА СЕ ЗАПАЛАТ, НО ОГНОТ  Е МНОГУ ТЕЖОК ЗА ГАСЕЊЕ

    ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН СТИГНА ДО ОБЈЕКТИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ, АНГЕЛОВ ВЕЛИ СПРЕЧИЛЕ  ДА СЕ ЗАПАЛАТ, НО ОГНОТ  Е МНОГУ ТЕЖОК ЗА ГАСЕЊЕПожарот е многу тежок за гасење бидејќи станува збор за стрмен терен, со зимзелени дрвја и пожарникарите не можат да пристапат. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Пожарот во Јасен стигна до објектите на јавното претпријатие, но веднаш е интервенирано и тие не се запалени. Како што кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов,  пожарот е многу тежок за гасење бидејќи станува збор за стрмен терен, со зимзелени дрвја и пожарникарите не можат да пристапат.

    „Со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти. Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.

    До 12 часот денеска, во земјава се активни 8 пожари. Покрај пожарот во Јасен, во Општина Струга пожар има во местата Октишка Краста, каде гори ниска вегетација, и во Бегова Шума во Малесија, каде запалена е ниска вегетација и мешана шума. Во Општина Прилеп пожар има во село Дабница, во Општина Македонски Брод во селата Девич и Грешница, во Општина Чешиново-Облешево кај село Теранци гори ниска вегетација, пасишта се запалени во Општина Јегуновце помеѓу селата Рогачево и Јажинце и во Општина Сопиште во село Света Петка гори ниска вегетација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира