ПРАТЕНИЧКАТА ЛАЗАРОВА Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА ПО СООБРАЌАЈКАТА

    ПРАТЕНИЧКАТА ЛАЗАРОВА Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА ПО СООБРАЌАЈКАТАПратеничката Мери Лазарова и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов.(Фото: Собрание/Фејсбук)

    Пратеничката на СДСМ Мери Лазарова засега е во стабилна состојба, откако вчера околу 20 часот беше донесена во Ургентниот центар во Скопје со повреди на главата и телото по сообраќајната несреќа на патот Демир Капија – Удово, изјавија од Клиничкиот центар за САКАМДАКАЖАМ.МК. Повеќе информации најавија за попладнево.

    Како што соопшти претходно МВР, вчера околу 17.50 часот на патот Демир Капија – Удово, на место викано Маркова Чешма, се случила сообраќајна незгода во која пратеничката Лазарова, управувајќи автомобил „опел корса“ удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, А. М. (57) од Богданци, управувајќи товарно возило „волво“, удрил во возилото во кое покрај пратеничката бил и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов. Кај Костадинов биле констатирани телесни повреди и тој бил пренесен во Општата болница во Кавадарци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира