Пратеникот на СДСМ Васко Ковачески поднесе оставката до претседателот на Собранието Талат Џафери поради заминување за директор на РЕК Битола. Пратеникот Ковачески за денеска најави прес-конференција да ја образложи оставката на пратеничкатата функција.
Васко Ковачевски е пратеник од листата на СДСМ од петтата изборна единица, а на негово место доаѓа досегашнот министер без ресор Самка Ибраимовски.
Министерот Ибраимоски, задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите, претходно денеска соопшти дека прифаќа да биде пратеник со што го напушта Министерското место и ќе даде изјава пред Државната изборна комисија.
Во Собранието, испразнето е и пратеничкото место на Стево Пендаровски, која стана национален координатор за НАТО.
Г. ТРПЕНОСКИ