ПРАТЕНИКОТ ОД СДСМ КОСТАДИН АЦЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА ЗАТОА ШТО ДЕЦАТА ОДБРАЛЕ ДА ПРЕСПИЈАТ СО НЕГО, А НЕ СО НЕА

    ПРАТЕНИКОТ ОД СДСМ КОСТАДИН АЦЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА ЗАТОА ШТО ДЕЦАТА ОДБРАЛЕ ДА ПРЕСПИЈАТ СО НЕГО, А НЕ СО НЕАМВР потврдува дека имало пријава против пратеникот, случајот се расчистува. - Пратеникот Костадин Ацевски (Фото: СДСМ)

    Пратеникот од СДСМ Костадин Ацевски денеска потврди дека сопругата, со која не биле во добри односи и живееле раздвоено подолго време, синоќа го пријавила во полиција. Но, демантираше дека тој вербално, физички или психички ја малтретирал, кажа дека полицијата таа ја повикала поради нивно меѓусебно недоразбирање.

    Ацевски сподели семејни интимни моменти од нивниот брак, спомнувајќи ги и двете малолетни деца, сведоци на настанот, за да објасни зошто дошла полицијата во семејната куќа во Ѓорче Петров во Скопје.

    Според Ацевски, неговата сопруга сношти се најавила и дошла, изразувајќи желба да преспие со децата. Тој се согласил, но и кажал дека ќе преспие во куќата на неговите родители.

    Тогаш децата изразиле желба да одат со него, тврди Ацевски. Почнал да ги облекува наводно, сопругата се вознемирила, не можела тоа да го гледа, веднаш се јавила во полиција.

    Ацевски рече дека најодговорно тврди оти тоа е вистината, ги повика институциите да го истражат случајот и најави дека ако има какво било насилство од негова страна, веднаш ќе си поднесе оставка на пратеничката функција.

    Апелираше до медиумите да не шират лажни вести и да ги повредуваат неговите деца, кои денес поради ваквите вести дека наводно ја претепал мајка им, не отишле на училиште. Ги упати медиумите да се јават и на неговата сопруга и да ја чујат и нејзината страна.

    МВР потврдува дека имало пријава против пратеникот, случајот се расчистува.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира