ПРЕБЕГАНИОТ МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛЕЦ ОД ДИВО НАСЕЉЕ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН, ОДЛУЧИ ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУД

    ПРЕБЕГАНИОТ МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛЕЦ ОД ДИВО НАСЕЉЕ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН, ОДЛУЧИ ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУДЗа конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер за правда. - Грчкиот Врховен суд

    Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Д.В., поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија, објави агенцијата „Мета“. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година.

    За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер за правда, а во исто време се чека и одлуката, дали ќе биде прифатено неговото барање за азил во Грција.
    Д.В. беше уапсен во Солун во февруари. Апелацискиот суд во Солун одлучи за негова екстрадиција, но потоа поднесе жалба за одлуката до грчкиот Врховен суд.

    Адвокатката на Д.В., Наташа Заралиду, изјави дека, „ако тој биде вратен во Македонија таму ќе биде претставен како криминалец и линчуван и дека планираат и натамошна правна активност по одлуката на Врховниот суд.“

    Одбраната тврди дека Д.В. ја предводел специјалната полициска единица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Таа тврди и дека „за време на владеењето на премиерот Никола Груевски тој важел за херој, но потоа бил прогонуван од албанските сили во Македонија, му бил наместен случај за поседување дрога и бомба и поради тоа избегал во Грција.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира