ПРЕДМЕТОТ ЗА ИЗЗЕМАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТОРТУРА“ ЗАГЛАВИ ВО АПЕЛАЦИЈА

    ПРЕДМЕТОТ ЗА ИЗЗЕМАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТОРТУРА“ ЗАГЛАВИ ВО АПЕЛАЦИЈАДенешното прво рочиште за предметот „Тортура“ беше одложено. - Оштетениот Љубе Бошкоски и обвинетиот Ивица Антевски - Пуки (Фото: М. Златевска)

    Специјалните обвинители Гаврил Бубевски и Љубомир Лапе во Основниот суд Скопје 1 остро реагираа што предметот за изземањето на првообвинетиот Сашо Мијалков од обвинението за нечовечното апсење на Љубе Бошкоски два месеца е заглавен во Апелациониот суд Скопје.

    Тоа беше и причина што се одложи денешното прво рочиште за предметот „Тортура“.

    „Не е до мене, верувајте. Не е ни до Основниот суд Скопје 1. Проблемот беше со доставата до обвинетите. Предметот во Апелација отиде дури овој месец“, објасни судијката Александра Ристеска како обвинетите одбивале да ги примат известувањата од судот.

    При оценка на обвинението, нејзината колешка Моника Бахчовановска одлучи првообвинетиот Мијалков за нечовечно однесување, понижување и мачење при апсењето на Бошкоски, одлучи да го изземе од вина, т.е. да го тргне од обвинението, кај што е и поранешниот шеф на полициските Алфи Ивица Анчевски – Пуки и уште петмина од единицата, на што СЈО поднесе жалба до Апелација.

    На барање на дел од обвинетите кои сè уште работеле во МВР, судијката не дозволи фотографирање и снимање во судница, иако апсењето се рекламираше како спот во многу национални телевизии. Затоа, пак, на заминување од судот, второобвинетиот Ивица Анчевски – Пуки им мавташе на снимателите и фотографите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира