ПРЕДВОДЕНИ ОД ДИМИТРИЕВ И ВЕЉАНОСКИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ИСТОРИСКА ПОСЕТА НА УБК

    ПРЕДВОДЕНИ ОД ДИМИТРИЕВ И ВЕЉАНОСКИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ИСТОРИСКА ПОСЕТА НА УБКДимитриев е на чело на собраниската комисија за контрола на следењето на комуникациите, а Вељаноски на комисијата за контрола на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање. (Фото: СДК.МК)

    По поранешниот премиер Емил Димитриев и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски влезе во контрола на Управата за безбедност и контразузнавање во историска посета. Сега како пратеници, Димитриев е на чело на собраниската комисија за контрола на следењето на комуникациите, а Вељаноски на комисијата за контрола на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање.

    Заменик на претседателот Вељаноски е Драган Данев, членови на оваа комисија се Фросина Ташевска-Ременски, Тања Ковачев, Мухамед Зеќири, Татијана Лалчевска, Ејуп Аљими, Иван Иванов, Благица Ласовска и Трајчо Димков, а заменици на членовите се Јован Митрески, Благојче Трпевски, Павле Богоевски, Томислав Тунтев, Артан Груби, Нада Ципушева, Ванковер Манчев и Емилија Александрова.

    Заменик на претседателот Димитриев е Драган Цуклев, членови на оваа комисија се Тања Ковачев, Зоран Илиоски, Ејуп Аљими, Лилјана Затуроска, а заменици на членовите се Ирена Стефоска, Горан Мисовски, Aгим Шаќири и Весна Пемова

    Од разговорот со пратениците кои се членови на комисијата што ја предводи Вељаноски, дознаваме дека УБК ги информирала пратениците дека во моментов со судски налог се следат комуникациите на околу 200 граѓани, за што им биле презентирани и писмени документи како доказ.

    Посетата на УБК и од едната и од другата комисија е историска, зашто претходната власт во МВР предводена од Гордана Јанкулоска и од ексдиректорот Сашо Мијалков, на тогашните членови на овие комисии кои треба да контролираат дали нелегално се прислушува во Македонија, т.е. дали се злоупотребуваат системите за следење на комуникациите, за 10 години им дозволи да влезат само еднаш, во дворот на УБК.

    Осумтемина пратеници предводени од Вељаноски, вршеле надзор на работата во УБК три дена, од 12 до 14 јуни. Кога им го презентирал директорот финансискиот извештај и рекол дека на Управата и требаат повеќе пари, Вељаноски рекол дека во таа насока комисијата ќе даде целосна поддршка.

    Тој и колегите прашувале сè, од тоа како работи институцијата, до прашања за безбедносните ризици. Биле однесени кај што побарале, се запознале со начинот на следење на комуникациите, со спроведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ), како за кривични истраги, така за одбрана на државата, ја виделе опремата за прислушување, се запознале со принципот на работа.

    Вељаноски и Димитриев во Собранието веќе имаат прекар „разузнавач“. Членовите на овие две комисии имаат овластувања да влезат кога сакаат во УБК, кај што се прислушува и да контролираат повторно да не се кршат слободите и правата на граѓаните со незаконското масовно прислушување, во време на владеењето на Никола Груевски. Со директорот се договориле да има поголема динамика на посети, велат од Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира