ПРЕФРЛУВАЊЕТО НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ Е ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕФРЛУВАЊЕТО НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ Е ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА

    Д-р Никола Груев, од специјалната хируршка болница „Св.Наум Охридски“, вели дека детското одделение од болницата е префрлено на другите оддели, бидејќи денес почнале со подготвителните работи за целосна реконструкција на болницата. Тој објасни дека реконструкцијата ќе се одвива во неколку фази.

    „Префрлањето на детското одделение не е поврзано со земјотресот, туку тоа се подготвителни работи за веќе планираната реконструкција. Планирана е целосна обнова на болницата која опфаќа обнова на операционите сали, доградба на лифт, подобрување на собите по одделите. Засега не престануваме со работа. Но, во зависност од фазата на реконструкцијата, кога ќе дојдат на ред операционите сали, ќе запре работата, а ќе продолжиме по нивното повторно отворање“, рече д-р Груев.

    Според проектот реконструкцијата на болницата треба да заврши до април следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира