ПРЕКИНАТИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ И СОМНИТЕЛНОТО ВОЗИЛО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ, ПОТВРДИЈА ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕКИНАТИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ И СОМНИТЕЛНОТО ВОЗИЛО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ, ПОТВРДИЈА ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

    Возилото марка „Застава“ кое синоќа беше паркирано пред Амбасадата на САД во Скопје и беше предмет на акција на тимовите за антитероризам на МВР по пријава на Амбасадата не е поврзано со прекинатите телефонски линии на Амбасадата, потврдија од Амбасадата.

    „Во изолиран инцидент, Амбасадата може да потврди дека имаше сомнително возило на улицата пред амбасадата синоќа. Побаравме поддршка од Министерството за внатрешни работи и единиците на МВР реагираа соодветно. Ова нема никаква врска со проблемите што ги имаме со нашите телефонски линии“, велат од Амбасадата на САД и упатуваат за повеќе информации на МВР.

    Синоќа околу 21 часот, Амбасадата преку официјалниот Твитер профил и на официјалната Фејсбук страница соопшти дека телефонските линии не им функционираат и за помош при итни случаи упатија на телефонски контакт директно во Центарот за операции на Стејт департментот во САД. Предмалку, од Амбасадата соопштија преку Фејсбук и Твитер дека телефонските линии повторно функционираат.

    Министерството за внатрешни работи го утврдило идентитетот на сопственикот на возилото, марка „застава“, што вчера ги мобилизираше тимовите за антитероризам на МВР откако од Амбасадата на САД во Скопје било пријавено дека е можно во возилото, кое било паркирано пред амбасадата, да има експлозив.

    „Утврден е идентитетот на сопственикот, но во врска со тоа нема да излегуваме со понатамошни детали бидејќи станува збор за лични податоци“, изјавија за „Мета“ од МВР.

    Оттаму утрово потврдија дека нивните тимови утврдиле дека во возилото нема траги од експлозив, како што биле првичните сомненија, а по проверката тоа било однесено на понатамошни испитувања.

    Вчера, околу 18 часот, од Амбасадата на САД во МВР пријавиле дека има сомнително возило пикап, марка „застава“, оставено пред влезот на амбасадата.

    Безбедносните служби на амбасадата со посебна опрема го провериле возилото, при што утврдиле дека истото е позитивно на траги од експлозив.

    Припадници на единицата за антитероризам при МВР веднаш излегле на терен и направиле проверка на возилото, но во него не е пронајден експлозив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира