ПРЕКУ НОЌ СТАВЕНО СКЕЛЕ ЗА ДА ИМА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ЗА ШТО ДА СЕ ФАЛИ ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕКУ НОЌ СТАВЕНО СКЕЛЕ ЗА ДА ИМА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ЗА ШТО ДА СЕ ФАЛИ ВО БИТОЛА

    Вечерта пред да дојде министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, во Битола прво пристигна скеленце. Вработените од битолскиот Завод и музеј по наредба на шефовите го поставија пред Безистенот за да ги увери битолчани дека започна реставрацијата на овој споменик под заштита кој со години се распаѓа.

    Откако скеленцето се исправи пред Безистенот, следниот ден пред новинарите се исправи и министерката. Таа се пофали дека битолскиот Завод и музеј од Битола со брза динамика ги реализира прокетите, меѓу кои и реставрација на три градски фасади.

    „Се она што беше ветено дека оваа година ќе започне во однос на проектите за обнова на фасадите во старите градски јадра, сакам да информирам дека е завршена постапката, избрани се фирми и се започнува да се работи на три фасади во Битола. На музичкото училиште, гимназијата и Безистенот. Се планира до крајот на годината да завршат“, рече Канческа Милевска.

    Министерката на прес конференција во Битола го испофали градоначалникот Владимир Талески, кој е во куќен притвор поради сомнеж за криминал, дека многу придонел за развојот на културата во Битола

    Министерката на прес конференција во Битола го испофали градоначалникот Владимир Талески, кој е во куќен притвор поради сомнеж за криминал, дека многу придонел за развојот на културата во Битола

    Лани при друга посета на Битола, министерката имаше најавено дека реставрацијата на Безистенот ќе започне најдоцна до минатогодишниот мај.  Но, до денес освен поставеното скеле од пред два дена друго не е направено.

    Безистенот кој е бисер од отоманската архитектура во градот на конзулите останат од 15 век со години е руиниран. Фасадата се распаѓа, покривот прокапува, се прават произволни влезови, се поставуваат монтажни скали кои го нагрдуваат ликот. Ни министерството, ни општината не презедоа ништо во изминатите години за овој објект, а министерката се пофали дека Битола е одличен пример за тоа како добро функционира соработката на централната и локлната власт во полето на културата.

    Таа на прес конференција во Битола го испофали градоначалникот Владимир Талески, кој е во куќен притвор поради сомнеж за криминал, дека многу придонел за развојот на културата во Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира