ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ДА КАЖЕ КОЈ ГО ПЛАТИ ПАТУВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ДЕЦА ВО ВАШИНГТОН, ПОВИКА ИВАНОВСКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ДА КАЖЕ КОЈ ГО ПЛАТИ ПАТУВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ДЕЦА ВО ВАШИНГТОН, ПОВИКА ИВАНОВСКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАЗа време на посетата на Вашингтон, премиерот Ковачевски имаше обраќање на Универзитетот Џон Хопкинс. (Фото: Влада)

    Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски да каже кој го плати патувањето на неговите деца во Вашингтон. Ковачевски беше придружуван од семејството на работна посета на американската престолнина минатата недела.

    „Треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер, може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцепција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска денеска на настан во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира