ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР БЕШЕ РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕВРОПСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ДА ГО ПОВТОРИМЕ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ НА ВЕШТАЧКИОТ СПОР СО БУГАРИЈА, КАЖА МИЦКОСКИ ВО САЛЦБУРГ

    ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР БЕШЕ РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕВРОПСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ДА ГО ПОВТОРИМЕ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ НА ВЕШТАЧКИОТ СПОР СО БУГАРИЈА, КАЖА МИЦКОСКИ ВО САЛЦБУРГПремиерот Мицкоски кажа дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа ќе биде последен услов. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски предложи да се примени формулата од Преспанскиот договор за одложено дејство и со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, во неговиот говор на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите.

    Тој кажа дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа ќе биде последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

    „Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања“, рече Мицкоски.

    На крајот од говорот, Мицкоски кажа дека ако Преспанскиот договор беше ремек-дело, тогаш зошто не се реплицира и за решавање на спорот со Бугарија.

    „Секогаш се обидувам да зборувам со одреден јазик што може да биде разбран северно од Виена. Ве молам, немој погрешно да ме разберете. Што значи дека ако Преспанскиот договор беше ремек-дело на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, брилијантно, зошто тогаш не го повториме ова ремек-дело за изнаоѓање конечно решение, трајно, одржливо решение, што ќе обезбеди решение за овој вештачки спор“, кажа Мицкоски.

    Во Договорот од Преспа, има „политички“ преоден период со кој се предвидува делови од договорот да стапуваат во сила при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира