ПРЕТРЕСИ КАЈ ЛИЦА ЗА КОИ ИМА СОМНЕЖ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ВЕЛИ КЛИНИКАТА ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО

    ПРЕТРЕСИ КАЈ ЛИЦА ЗА КОИ ИМА СОМНЕЖ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ВЕЛИ КЛИНИКАТА ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНОЈавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.(Фото: К. Попов)

    Од утринава се вршат претреси утринава кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија, објави државната агенција МИА. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

    Од Министерството за здравство денеска соопштија дека Клиниката за онкологија и радиотерапија функционира нормално, во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.

    Лaни Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Пациенти болни од рак и нивните семејства протестираа и бараат правна разврска на случајот.

    На 1 септември лани, одземени се компјутери, компјутерски податоци и друга документација од Клиниката за онкологија и од два приватни стана при претрес на МВР и Обвинителството.

    Три дена подоцна, од Јавното обвинителство соопштија дека сите наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира