ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА Е ПРОТИВ СПЕЦИЈАЛЕН СУД ЗА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА Е ПРОТИВ СПЕЦИЈАЛЕН СУД ЗА СЈО

    Претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова изјави дека е против формирање на специјален суд во Основниот суд Скопје 1, кој би ги третирал случаите на Специјалното јавно обвинителство.  На неформална средба денеска со новинарите, таа ги негираше шпекулациите дека Врховниот суд би го формирал тој посебен судски оддел.

    “Не постои законска и уставна можност да се делегираат специјални судии или да се формира посебен суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство. Врховниот суд не е вмешан во процес за избор на посебни судии“, ги демантираше Неделкова шпекулациите дека специјален суд ќе формира Врховниот суд, кои произлегоа по средбите на Неделкова со американскиот амбасадор Џес Бејли и со евроамбасадорот Аиво Орав летово.

    Неделкова упатува на исправка на евентуалните грешки пред повисоките судови, на судиите во претходна постапка кои ги водеа постапките што ги иницираше СЈО.

    “Судиите се доволно едуцирани за извршување на својата работа. Ако погрешат, имаат право на исправка. Од каде ке ги донесеме тие специјални судии? Пак мораме од овие судови. Ако се направи специјален суд ќе имаме само поголема штата отколку полза. Не можеме да ги делиме судиите на добри и лоши и дека едните работат според закон другите не, па сега едните да бидат специјални. Немаме ние можност никаква да избереме судии, како Врховен суд. Секој суд има распоред според кој ги дели и ги работи предметите. Така сигурно ќе биде и со предметите на СЈО“, вели Неделкова.

    За средбата со Бејли рече дека е редовна средба, како и со останатите амбасадори.

    Неделкова, која во понеделникот не присуствуваше на изборот на судии во Судскиот совет, исто како што не присуствуваше и на седницата кога се бираше новиот претседател на Советот, рече оти е задоволна што Судскиот совет извршил избор на четворица граѓански судии во Врховниот суд, не го критикуваше тоа што Советот пак не избра врховен судија кривичар, но рече оти највисокиот суд пак годината ќе  ја заврши како неажурен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира