ПРЕТСТАВНИШТВОТО НА ГЕРМАНСКИТЕ КОМОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕРАСНА ВО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСТАВНИШТВОТО НА ГЕРМАНСКИТЕ КОМОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕРАСНА ВО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО

    По 17-годишно делување во Македонија, Претставништвото на Германските комори прерасна во Делегација на германското стопанство во Македонија на почетокот на 2017 година. Ваквата одлука беше донесена во Берлин по детално оценување на работата на Претставништвото на Германските комори во Македонија во изминатите години и претставува значајно унапредување на канцеларијата во германскиот систем на комори.

    Претставништвото беше отворено во 2000 година, кога во Македонија работеа 15 германски компании во форма на трговски претставништва, во меѓувреме оваа бројка се зголеми за десет пати, а, исто така, во изминатите години расте и бројот на директни германски инвестиции.

    Германските компании кои се присутни на македонскиот пазар денес вработуваат околу 20.000 лица и трговска размена помеѓу Македонија и Германија во 2015 година изнесува 2,5 милијарди евра и со тоа Германија и понатаму останува најважниот трговски партнер на Македонија.

    Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа недела доби и нов директор, Патрик Мартенс, кој ја превзема функцијата од досегашниот директор Мартин Кнап. Кнап ја раководеше канцеларија во Македонија од Белград, сега за прв пат Берлин испраќа директор кој ќе биде надлежен за Македонија и ќе ја извршува својата функција во Скопје.

    Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа година ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во образовниот систем во Македонија. Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за стопанство на Сојузна Република Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира