ПРИКАЖАНИ СНИМКИ ОД ОБВИНЕТИТЕ КАКО СЕ ОРГАНИЗИРААТ ВО КУЌАТА НА МАНЕВ ПРЕД УБИСТВОТО НА ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ

    ПРИКАЖАНИ СНИМКИ ОД ОБВИНЕТИТЕ КАКО СЕ ОРГАНИЗИРААТ ВО КУЌАТА НА МАНЕВ ПРЕД УБИСТВОТО НА ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИОбвинетиот Влатко Кешишев на судењето во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    На денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа прикажани снимки од видеонадзор од предворјето на куќата на обвинетиот Велибор Манев, со снимки како се спремаат за убиството на Панче, според обвинителството.

    На снимките се виде како кај Манев на 21 ноември 2023 година, вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, пристигнува возило, а од него излегува обвинетиот Боре Видевски и ѕвони на вратата. Тоа е околу 20 часот.

    Во 22 часот, на друга камера на Манев, се гледа уште дека е паркирано возилото „Шкода фелиција” на Видевски.

    Малку подоцна, пристигнува „Рено кангу” и од него од совозачкото место излегува обвинетиот Влатко Кешишев. Влегува во куќата на Манев.

    Потоа на снимката се гледа како возилото „Рено кангу” застанува и од возачкото седиште излегува обвинетиот Љупчо Палевски. Се упатува кон домот на Манев, заедно со Кешишев.

    По 20-тина минути, Кешишев и Манев товараат празни галони во „кангуто” на партијата „Десна” со кое дојде Палевски, ставаат и други оредмети, се подготвуваат.

    Кешишев го пали возилото, го преместува, а Манев во рикверц го вади своето возило „Мерцедес” и во 22.31 часот се упатува во правец на Велес.

    По 3 минути се враќа и го прави истото, се упатува повторно во правецот кон градот.

    По 9 минути истото возило „Мерцедес”, сопственост на Велибор Манев, доаѓа од правецот од Велес и влегува во својот двор.

    Потоа, на снимката се гледа како Кешишев излегува од куќата, носи нешто црно во раката и оди кон „кангуто”.

    По него, излегува Манев кој само што доаѓа од некаде, со два полни галона во рацете и оди кон „кангуто”. Се враќа кон куќата со празни раце. По него се враќа и Кешишев, и тој не држи ништо во рацете.

    Потоа излегува Кешишев, по него Манев, па Љупчо Палевски. Во десното уво има црна слушалка.

    По него излегува и Велибор Манев, па Боре Видевски, во чие десно уво се забележува црна слушалка.

    Сите четворица излегуваат од куќата на 21.11. во 22.45 часот. Боре, Влатко и Велибор стојат, држат радиостаница „Моторола“.

    Надвор разговараат Палчо и другите и зборат на радиостаниците, ги тестираат дали работат.

    Се гледа дека Палевски на својата јакна има закачено микрофон, како и Манев и Видевски.

    Сите четворица тргнуваат пешки во правец на Велес. На овој правец е и куќата на Панче Жежовски. Тој е сосед со обвинетиот Велибор Манев.

    Потоа кај 22.56 часот се гледа како Кешишев пешки се враќа и се упатува кон „кангуто”. Во 22.58 часот се забележува како со него се упатува во правец кон градот, односно кон останатите обвинети.

    Во 23.26 часот се забележува “кангуто” кое паркира пред „Шкодата”. Од него излегуваат Кешишев и Палевски, кој збори на микрофон што го држи во десната рака. Потоа од правецот од Велес, доаѓаат Велибор Манев и Боре Видевски. Сите четворица стојат пред куќата на Манев и зборат. Во 22.28 часот Кешишев оди во „кангуто”, овие влегуваат во куќата.

    На истата камера се гледа како Кешишев со кеса во рацете и со галон од „кангуто”, влегува и тој во куќата.

    На истата камера се гледа како сите четворица излегуваат од куќата на Манев и се товараат во паркираното „кангу”.

    Се враќаат и излегуваат пак во мугрите утрото во 6.33 минути, според обвинителството, да го убијат 74-годишниот сосед Панче Жежовски, да му го земат стариот „Ситроен“ и по 5 дена со него да ја киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска во Скопје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира