ПРИТВОРЕНИ ТАТКО И МАЈКА НА ШЕСТ ДЕЦА КОИ ГИ СИЛУВАЛЕ И ПРОДАВАЛЕ МАЛОЛЕТНИТЕ ЌЕРКИ

    ПРИТВОРЕНИ ТАТКО И МАЈКА НА ШЕСТ ДЕЦА КОИ ГИ СИЛУВАЛЕ И ПРОДАВАЛЕ МАЛОЛЕТНИТЕ ЌЕРКИВо акција на полицијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете. (архивска фотографија)

    Три лица се притворени на барање на Обвинителството за организиран криминал, осомничени за кривичните дела Родосквернавење и Трговија со дете.

    Првоосомничен е татко на шест деца, од кои три малолетни девојчиња, и како што соопштија од обвинителството, тој подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерки.

    Истовремено, второосомничената, како мајка на дете кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето одбиело, мајката употребувала физичка сила.

    Дополнително, таткото ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет.

    „Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка“, се вели во соопштението на обвинителството.

    На тројцата осомничени денеска судот им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    По насока на јавниот обвинител, малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира