Вечерва во полициска станица е задржано лицето Љ.П. по барање на Специјално јавно обвинителство, потврди МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од МВР велат дека се води предистражна постапка и не можат да откриваат детали.
Лицето Љ.П. беше поврзувано со снимките пуштани на Јутјуб со прислушувани приватни разговори на новинари, бизнисмени и политичари.