ПРИВЕДЕН ЗАТВОРЕНИК КОЈ УТРИНАВА ИЗБЕГАЛ ОД ИДРИЗОВО И ОГРАБИЛ ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО МАЏАРИ

    ПРИВЕДЕН ЗАТВОРЕНИК КОЈ УТРИНАВА ИЗБЕГАЛ ОД ИДРИЗОВО И ОГРАБИЛ ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО МАЏАРИРазбојникот ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата го приведе кумановецот Д.К. кој утринава избегал од затворот Идризово и ограбил спортска обложувалница во скопската населба Маџари, соопшти МВР. При приведувањето околу 9.30 часот, тој пукал во воздух.

    „Денеска (20.05.2023) околу 09.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“. Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум“, соопшти МВР.

    Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира