ПРОМЕТЕЈ И ОБЛЕЧЕН ГИ ЗАСРАМИ ЖЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОМЕТЕЈ И ОБЛЕЧЕН ГИ ЗАСРАМИ ЖЕНИТЕ

    Група мајки на ученици од неколку скопски школи, организирани од учителките и директорите на школите, во петокот се обидоа да направат акција за чистење на спомениците во паркот „Жена-борец“. Тие се собраа на Плоштад, си поделија маички за чистењето, што всушност беше и регистрација за присутство, и тргнаа кон паркот. Но по пат се осипаа. Една по една се одвојуваа од групата заминувајќи кон дуќаните во Градскиот трговски центар.

    Кај споменикот на Прометеј во паркот, од кој требаше да почне чистењето, стигна група од петнасеттина жени.

    „Ги видовме камерите од некои медиуми кои беа стигнати пред нас и претпоставувам дека на сите им беше непријатно па ниту една не извади сунѓер. Постојавме пред Прометеј па почнавме да си заминуваме кој по дуќани кој веднаш дома“, рече една од жените, споделувајќи го своето искуство со мајките на децата од училиштата каде што им се децата.

    Обоениот Прометеј во петокот беше сокриен со пердиња. На иницијатива на некоја женска организација, за која никогаш не се дозна која е, веднаш откако беше поставен, 2012 година, на Прометеј за да му ја покријат машкоста, му додадоа гаќи оти не било вкусно некој да одмора во паркот спроти Собранието и да гледа во гол маж.

    Домаќинки со сунѓерчиња ја чистеа и порта Македонија. Тие пред камерите тврдеа дека се собрале спонтано и дека никој не ги организирал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари