По повод 11 октомври, Денот на востанието на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”.
Маршот е организиран од опозицијата и од неколку познати граѓански активисти. Маршот ќе започне од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на улиците Рузвелтова и Партизанска во 14 часот.
Потоа, маршот ќе продолжи по булеварот Партизански одреди до зградата „Тифани“, а по улицата Димитрие Чупоски ќе продолжи кон Собранието.
Пред парламентот ќе има поставено бина и на граѓаните ќе им се обратат четворица говорници.