ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАМАЛУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ХИВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАМАЛУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ХИВ

    Активисти од Платформата за  одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ денес маршираа во знак на протест затоа што со предлог буџетот на Република Македонија средствата предвидени за превенција и заштита од ова заразно заболување за 2017 година место планираните 65 милиони денари се сведени на 27 милини денари. Протестот почна пред Министерството за здравство, а заврши на плоштад Македонија, каде протестантите со коцки направија крст, со кој симболично оддадоа почит на оние што веќе починаа од СИДА, а со тоа и потсетуваат дека бројот на новозаболени ќе расте ако не се корегира буџетската ставка за превенција од ХИВ.
    “Традиционално на први декември-Меѓународниот ден за борба против ХИВ нашите активности се насочени кон подигање на јавната свест, односно да ги потсетиме луѓето навреме да се тестираат. Годинава фокусот ни е кон проблемот што ќе настане ако не се корегира предлог буџетот, односно со овие предвидени средства сервисите за превенција со сигурност ќе згаснат. Овие сервиси досега оддржува невладините организации со средства од Глобалниот фонд. Од следната година Глобалниот фон се повлекува и целокупната превенција и заштита треба да ја преземе државата. Државата влезе во делот за набавка на терапија, но со превенцијата не се бавеше. Со вака одредениот буџет нема да има доволно средства за превенција“, вели Војо Иванов, координатор за мобилно тестирање за ХИВ во ХЕРА.
    Тој објаснува дека поради намалените средства најмногу на удар е мобилното комбе за ХИВ тестирање, со кое се овозможува брз и анонимен тест за сите што сакаат да се тестираат низ земјава, како и младинскиот центар на Водно, каде освен бесплатно тестирање, луѓето може да добијат и лекарски совети за тоа како се пренесува инфекцијата и што да преземат за да се заштитат.
    Д-р Звонко Миленковиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА и директор на Клиниката за инфективни болести, денес изјави дека годинава има 37 ново откриени случаи на пациенти инфицирани со ХИВ, а дека двајца починале, бидејќи болеста доцна била откриена.
    Една третина од ново откриените случаи на ХИВ, според податоците од Платформата за  одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ, која ја сочинуваат 16 граѓански организации, се откриени благодарение на мобилното комбе за тестирање.
    “Со протестниот марш кој почна пред Министерството за здравство, дури и во време на предизборна кампања, сакавме да ги потсетиме и сегашните здравствени власти и оние кои ќе дојдат по изборите, дека ова е сериозен проблем и дека мора да го корегираат буџетот“, вели Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира