Во врска со отворениот муабет за предвремени парламентарни избори, претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарско прашање денеска кажа дека е против.
„Лично сум поборник за редовни избори, не само поради економска и политичка стабилност, но и заради мерливост на резултатите. Предвремени избори секогаш се алиби за тоа: ‘Немавме време да го реализираме тоа и тоа од програмата, фати предизборен период’ и слични изговори”, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
Тој е и против техничка влада 100 дена пред избори.
„Мојот личен став е дека т.н. Пржинска, односно техничката влада беше за тогаш, за таа криза. Членка на НАТО сме, така и треба да се однесуваме, не би требало владејачките партии да злоупотребуваат ресурси пред избори”, вели тој.
С. К. ДЕЛЕВСКА



