ПРВАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 29 ЈУНИ, НАЈАВИ НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ЗА БОРБА ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА И ТРАНСФОБИЈАТА

    ПРВАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 29 ЈУНИ, НАЈАВИ НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ЗА БОРБА ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА И ТРАНСФОБИЈАТАОд Хелсиншкиот комитет велат дека во текот на наредниот месец редовно ќе ја информираат јавноста за деталите околу одржување на парадата, точната локација, време и маршрута. - Од денешната прес конференција (Фото: Хелсиншки комитет)

    Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија денес најави дека во последната сабота од јуни, односно на 29 јуни, ќе ја организира првата парада на гордоста на скопските улици.

    Активистката Ирена Цветковиќ рече дека медиумите имаат важна улога во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

    „Помина доста тежок период за ЛГБТ заедницата и сметаме дека сега е моментот за парада на гордоста, оти го поминавме најлошото. Северна Македонија е последната земја од регионот која организира парада на гордоста‘, вели Цветковиќ.

    Според националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија потребно што е можно поголема поддршка и активно учество од политичарите, јавните личности, активисти, уметници на парадата на гордоста, солидаризирајќи се со ЛГБТИ луѓето.

    Кочо Андоновски рече дека годинава се одбележува педесет годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето.

    Од Хелсиншкиот комитет велат дека во текот на наредниот месец редовно ќе ја информираат јавноста за деталите околу одржување на парадата, точната локација, време и маршрута.

    Досега во рамки на Денот на толеранцијата беше организиран марш кој беше посветен на ЛГБТ заедницата, а лани во МКЦ, Кино Култура и МСУ, по шести пат се одржа викенд на гордоста, во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центар за поддршка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира