Непознат напаѓач извадил пиштол и пукал во правец на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров пред зградата на Министерството за здравство.
Нападот се случил пред примопредавањето на должноста со новиот министер за здравство Арбен Таравари. МВР потврди дека добиле пријава за пукотници. Според првичните информации, Тодоров не е повреден.