РАКОВОДИТЕЛ ВО ВОДОСТОПАНСТВО ПОД ИСТРАГА ДЕКА ЗЕЛ МИТО ОД 6.000 ЕВРА ЗА ДА ДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА ИСКОП НА ПЕСОК

    РАКОВОДИТЕЛ ВО ВОДОСТОПАНСТВО ПОД ИСТРАГА ДЕКА ЗЕЛ МИТО ОД 6.000 ЕВРА ЗА ДА ДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА ИСКОП НА ПЕСОКОд обвинителството велат дека осомничениот парите ги примил во два наврати по 3.000 евра. - ОЈО Скопје (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против раководител на сектор во државното Водостопанство за поткуп од 6.000 евра, соопшти Јавното обвинителство. Тој се сомничи дека зел мито за да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице, спротивно на пропишана постапка.

    „Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Од оштетено лице од Крива Паланка тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице“, се вели во соопштението.

    Тој е осомничен дека го направил кривичното дело Примање поткуп, казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Како што велат од обвинителството, тој парите ги примил во два наврати. Првин во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра, а потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра.

    За осомничениот е предложена мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира