ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА РАСЕЛ КРОУ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ УСПЕЕ ДОГОВОРОТ МЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА

    ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА РАСЕЛ КРОУ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ УСПЕЕ ДОГОВОРОТ МЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈАСлавниот актер е на одмор во Италија и твитна за договорот за името од Фиренца. (Фото: Дејли Мејл)

    Холивудската ѕвезда Расел Кроу вели дека ги сака Грција и Македонија и се надева дека ќе успее договорот за името.

    54-годишниот Австралиец е на одмор во Италија и твитна за договорот за името што вчера го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    „Случајни мисли од Фиренца… Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека сè ќе заврши како што треба“, напиша Кроу за социјалната мрежа.

    Кроу, кој е роден во Нов Зеланд, се прослави со улогата на римскиот генерал Максимус во филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот, за кој Кроу доби Оскар за најдобар актер во 2000 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира