РАШКОВСКИ ПУШТЕН ОД ШУТКА ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    РАШКОВСКИ ПУШТЕН ОД ШУТКА ВО КУЌЕН ПРИТВОРДраги Рашковски, против кого Обвинителството за организиран криминал води две истраги, беше приведен на 16 април. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е пуштен од притвор во затворот во Шутка во домашен притвор со одлука на Апелациониот суд Скопје. Од Скопска апелација за државната агенција МИА изјавија дека одлуката е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена.

    Рашковски, против кого Обвинителството за организиран криминал води две истраги, беше приведен на 16 април, кога му беше одреден куќен притвор од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, за пет дена подоцна кривичниот совет на истиот суд да ја преиначи одлуката во ефективен притвор, прифаќајќи ја жалбата на обвинителството.

    Првата истрага против Рашковски е за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој што го набавил како генерален секретар, иако МВР немало потреба од него. Втората истрага, која што беше отворена додека тој беше во притвор, е исто така за набавка за софтвер, но набавен во 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира