РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА „ТАМИФЛУ“ ОТКАКО СНЕМА ЛЕК СРЕДЕ СЕЗОНА НА ГРИП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА „ТАМИФЛУ“ ОТКАКО СНЕМА ЛЕК СРЕДЕ СЕЗОНА НА ГРИП

    Тендер за набавка на “тамифлу“, или за антивирусен лек против грип, Министерството за здравство распиша минатата среда. Според огласот за јавна набавка Министерството ќе купи “оселтамивир“, како што е генеричкото има на “тамифлу“, во вредност од 1,2 милиони денари, и тоа тврди капсули од 45 милиграми и тврди капсули од 75 милиграми. Огласот е отворен до 23-ти овој месец, за кога е закажано и јавно отворање на понудите.

    Среде сезона на грип голем дел од здравсвените установи останаа без “тамифлу“, иако од Министерството за здравство тврдеа дека има од антивирусниот лек. Пациенти болни од грип се жалеа дека не добиле “тамифлу“, кој се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот. Тие велат дека лекарите им кажале дека „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку оти тешко се наоѓа и во аптеките, а и таму каде има, е со поминат рок.

    Проблемот со набавка на оваа терапија, како што велат наши извори, настана бидејќи се потрошија залихите од “тамифлу“ на Министерството за здравство, кое ги набави за време на пандемискиот грип за сезоната 2009/2010. Годинава, јавните здравствени установи требаше сами да набават антивирусна терапија. Десетина дена пред Нова Година, кога беа регистрирани и најмногу заболени од грип, Министерството за здравство телефонски проверувало во болниците дали има “тамифлу“, за да може да се справат со зголемениот број болени, но и со поплаките што стасувале од матичните лекари.

    Според наши извори од Министерството за здравство, дел од болниците биле подготвени за сезоната на грип и имале доволни количини “тамифлу“, а во други немало ниту едно кутивче од антивирусниот лек. Оние болници што навреме не набавиле “тамифлу“, добиле наредба од Министерството за здравство итно да набават од лекот. По итна постапка беше купена помала количина на “тамифлу“, која стигна неколку дена пред новогодишните празници.

    Институтот за јавно здравје соопшти дека во првата недела на јануари имало 8.067 грипозни, и дека е намален бројот на болни за 14,9 отсто во однос на последната недела од декември кога беа регистрирани 9.485 заболени. Намалувањето на бројот на болни, според податоците од Институтот за јавно здравје, е во возрасната група од 5 до 14 години. Како мерка за намалување на болните од грип, здравствените власти препорачаа да се продлжи и зимскиот распуст за два дена, како и да се направи темелна дезинфекција на училиштата и автобусите од јавниот превоз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира