РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „ФЕНИ ИНДУСТРИ“ ЈУСУФ МИРАКХМЕДОВ ЗА ПЕРЕЊЕ 51,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „ФЕНИ ИНДУСТРИ“ ЈУСУФ МИРАКХМЕДОВ ЗА ПЕРЕЊЕ 51,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИЈусуф Миракхмедов за директор во „Фени индустри“ беше поставен од поранешниот сопственик „Кунико рисорсис“ во периодот од 2015 до 2017.(Фото: Принт скрин од потерницата на МВР)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на „Фени индустри“ Јусуф Миракхмедов, кој е осомничен во истрага за сторени кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 и Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичен законик. Миракхмедов за директор во „Фени индустри“ беше  поставен од поранешниот сопственик „Кунико рисорсис“ во период од 2015 до 2017.

    Во ноември 2017, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, сомничејќи го за злоупотреба на службена должност и овластување. Во текот на истрагата, Финансиската полиција утврдила дека тој незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката. Во декември 2017, Финансиската полиција поднесе и втора кривична пријава против Миракхмедов поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Миракхмедов направил неоснован отпис на незастарени побарувања на Фени со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира