РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ДОЦНИ, СЛУЖБИТЕ ТРЕБА ДА ДОПРЕВЕДАТ УШТЕ 27 ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

    РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ДОЦНИ, СЛУЖБИТЕ ТРЕБА ДА ДОПРЕВЕДАТ УШТЕ 27 ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ НА ВМРО-ДПМНЕОд владејачкото мнозинство велат дека тие ќе работат строго според Деловникот и ќе расправаат по другите точки на дневниот ред. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Нема технички услови да почне расправата по поднесените амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците во Собранието, бидејќи поради обемноста на амандманите, тие уште не се целосно преведени на албански јазик, велат извори од парламентот.

    Законот за употреба на јазиците е ставен како прва точка на денешната седница, но бидејќи собраниските служби, неофицијално, се стигнати со преведување до 8.000-от амандман, па за денеска нема шанси да стигнат да ги преведат сите амандмaни за да почне расправата.

    Од владејачкото мнозинство велат дека тие ќе работат строго според Деловникот и ќе расправаат по другите точки на дневниот ред, а оваа точка ќе се скокне и за неа ќе се расправа кога ќе се создадат технички услови.

    ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35 илјади амандмани во третото читање на Законот за употреба на јазиците, за кој што пратениците треба да гласаат по вторпат откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише Указот за прогласување на законот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира