РАСТЕ БРОЈОТ НА СТАРО НАСЕЛЕНИЕ, А СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНИ, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    РАСТЕ БРОЈОТ НА СТАРО НАСЕЛЕНИЕ, А СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНИ, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕСпоред последните податоци на Државниот завод за статистика, во земјава има вкупно 315. 331 жител над 65 години. (Фото: К. Попов)

    Стареењето на населението е неповратен глобален тренд, a Македонија не е исклучок кога се работи за тренд на стареење на населението, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во чест на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица на Обединетите Нации (ОН).

    Според извештајот на ИЈЗ, во периодот од 2013 до 2023 учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.

    Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 на 1,6 милијарди во 2050 . Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.

    „На овој Меѓународен ден на старите лица, ги славиме виталните улоги што ги завземаат старите лица и имаат потенцијал и можност за истите а со тоа ги правиме заедниците подобри места за живеење. Оваа година Меѓународниот ден на стари лица се одбележува на тема: ‘Стареење со достоинство: Важноста на зајакнувањето на системот за грижа и поддршка за постарите лица ширум светот’“, вели ИЈЗ.

    Вообичаени состојби во постара возраст вклучуваат: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено.

    Во постара возраст карактеристични се и појави на некои посложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок.

    Како што старее населението, побарувачката за сеопфатна здравствена заштита и услуги за социјална поддршка значително се зголемува особено за постарите лица со состојба како што е деменцијата.

    Подолгиот живот со себе носи можности не само за постарите лица и нивните семејства туку и за општествата во целина. Дополнителелните години даваат можност да се продолжи и со други активности како што е понатамошно образование или пак друга занемарена страст или хоби кое би ја исполнило личноста. Постарите лица исто така многу придонесуваат за нивните семејства или заедници. Сепак обемот на сите тие можности и придонеси зависи од еден главен фактор а тоа е здравјето.

    Доказите сугерираат дека процентот на живот во добро здравје остана во поголема мера константен што значи дека дополнителните години се со лоша здравствена состојба. Луѓето можат да ги искусат овие дополнителни години на живот во добро здравје ако живеат во средина во која се поддржуваат нивните способности и секако да ги прават работите кои импричинуваат задоволство. Ако додадените години се поминат во пад на физичките и менталните капацитети тогаш импликациите за постарите луѓе и за општеството се негативни.

    Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение. Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира