РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НО НЕМАМЕ ТЕШКИ ФОРМИ НА БОЛЕСТА, ВЕЛИ Д-Р МЕХМЕДОВИЌ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НО НЕМАМЕ ТЕШКИ ФОРМИ НА БОЛЕСТА, ВЕЛИ Д-Р МЕХМЕДОВИЌ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИБројот на позитивни резултати од 28 јули до 4 август пораснал за 48,7 проценти, односно од 78 пораснал на 116 позитивни резултати. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Расте бројот на заразени со ковид-19 во земјава, но немаме тешки форми на болеста, речиси сите случаи се истретирани амбулантски, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

    Според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 29 јули до 4 август во Институтот тестирани се 342 материјали за ковид- 19 и регистрирани се 116 нови позитивни случаи. Споредено со неделата пред тоа, направени се за 30 проценти повеќе тестирања, а бројот на позитивни резултати пораснал за 48,7 проценти, односно од 78 пораснал на 116 позитивни резултати.

    „Сѐ е под контрола, нема простор за паника, расте позитивноста на детектирани слуцаи со Сарс Ков-2, но немаме тешки форми на болеста, речиси целосно сите случаи се истретирани амбулантски. Има нови варијанти на вирусот кои полесно го избегнуваат имунитетот и полесно се врзуваат за рецепторите во организмот на инфицираниот и тоа е една од основните прицини за пораст на случаите во овој период“, ни изјави д-р Мехмедовиќ.

    За тоа дали се потребни мерки за заштита, д-р Мехмедовиќ вели дека мерка е почитување на куќниот ред за посети на болници, препораки за користење на маски на затворено и вакцинација на ризични групи.

    Според американските медиуми, летово расте бројот на заразени со ковид-19, но разликата од периодот на пандемијата е што сега случаите се со полесни симптоми.

    „Ковод-19 никогаш не ни исчезна. Разликата е што сега болниците не се претворат во кризни центри“, изјави д-р Амеш Адаја од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира