РАСТЕ СТАПКАТА НА ДОЕЊЕ НА СВЕТСКО НИВО, НЕ САМО ШТО Е ПРАВИЛНО, ТУКУ Е И ЕКОНОМСКИ ИСПЛАТЛИВО, ВЕЛИ ИЈЗ

    РАСТЕ СТАПКАТА НА ДОЕЊЕ НА СВЕТСКО НИВО, НЕ САМО ШТО Е ПРАВИЛНО, ТУКУ Е И ЕКОНОМСКИ ИСПЛАТЛИВО, ВЕЛИ ИЈЗДоењето обезбедува надежна иднина не само за децата туку и за општествата, велат здравствените власти. (Фото: К. Попов)

    Во 2023 глобалната стапка на ексклузивно доење од 6 месеци била 48%, близу до целта на Светското здравствено собрание, која е 50 отсто до 2025 година, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во чест на Светската недела на доење.

    Светската недела се одбележува секоја година во првата недела од август, подржана од Светската здравствена организација (СЗО), УНИЦЕФ, Министерството за здравство.

    Од ИЈЗ велат дека за да се обезбеди позитивен раст и да се достигне нова цел за 2030 година до 70% ексклузивно доење на 6 месеци, учеството на секој актер што го сочинува топлиот синџир е клучно.

    „Поддршката на доење за поздрава планета бара создавање одржлива средина каде што доењето е приоритет. Светската недела на доење ќе стави посебен акцент на тековната поддршка што им е потребна на жените и бебињата од здравствениот систем во текот на нивното патување со доење. Ова значи на секоја мајка да ѝ се обезбеди пристап до поддршка и информации што и се потребни за да дои се додека сака да го прави тоа, преку инвестирање во стручно советување за доење, спроведување на Меѓународен кодекс при маркетинг за млечна формула (млеко во прав), создавање пријателска средина во контекст на доењето во здравството, на работа и во општеството генерално. Не станува збор да се прави само она што е правилно туку и економски исплатливо. Доењето обезбедува надежна иднина не само за децата туку и за општествата. Ги намалува трошоците за здравствена заштита, го потикнува когнитивниот развој, ги зајакнува економиите и што е најбитно им дава на децата здрави почетоци“, велат од ИЈЗ.

    Институтот за јавно здравје лани во ноември го отвори Центарот за советување „Инфо бебе“ , телефонската линија 078/285-613 работи секој вторник и четврток од 11 до 13 часот. Одговори даваат доктори од Институтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира