Разрешен е директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски, соопшти Министерството за здравство.
На социјалнитe мрежи вечерва се појави видео со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице.
„Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спид и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро“, му вели Кузмановски на соговорникот во видеото.
По објавувањето на видеото, Министерството соопшти дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот и дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.
„Работата на Клиниката продолжува непречено“, вели Министерството.
Д-р Кузмановски беше поставен за директор во август годинава.