Поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ) Сулејман Реџепи е разрешен од функцијата. До избор на нов претседател функцијата ќе ја извршува гостиварскиот муфтија Хафир Шаќир Хетаи.
„Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху по одржувањето на вонредната седница на риасетот на ИВЗ.
Реисот Реџепи во неделата на празникот Рамазан Бајрам кажа дека коронавирусот е мртов.
„И да знаете дека КОВИД-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Господ е со нас и кога Господ е со нас, ние се чувствуваме најсилни на свет“, изјави Реџепи.