РЕГИСТРИРАЊЕТО ЗА НОЕМВРИСКИ ТЕРМИН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКА РАБОТНА ВИЗА СЕ ОТВОРА НА 5 ОКТОМВРИ

    РЕГИСТРИРАЊЕТО ЗА НОЕМВРИСКИ ТЕРМИН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКА РАБОТНА ВИЗА СЕ ОТВОРА НА 5 ОКТОМВРИЛистата на чекање ќе биде затворена откако ќе се исполни месечниот контингент (Фото: Германска амбасада)

    Регистрирањето за ноемвриски термин за аплицирање за работна виза за Германија ќе почне на 5 октомври во 11 часот, објави Германската амбасада во Скопје. Оттаму додаваат дека листата на чекање ќе биде затворена откако ќе се исполни месечниот контингент, а оние што нема да успеат да се регистрираат за ноември, ќе имаат нова шанса следниот месец.

    На 1 септември, во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан, со која германската влада и по истекот на 2020 година им овозможи на државјаните на Македонија, Косово, Србија, Албанија, БиХ и Црна Гора да имаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд. За целиот регион се обезбедени 25.000 работни визи годишно, од кои 4.750 за Македонија.

    Од Германската амбасада претходно кажаа дека интересот за програмата во Македонија бил огромен, па страницата за добивање работна виза во Германија била прегледана 50.000 пати во првите неколку дена од отворањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира