Американскиот амбасадор Џес Бејли вели дека решавањето на долгогодишниот спор за името меѓу Грција и Македонија ќе донесе добро за двете земји, но ќе придонесе и за просперитетот и стабилноста за целиот регион.
„Продолжуваaт преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време“, рече Бејли, одговарајќи на новинарско прашање за време на првиот Македонски енергетски форум, што денеска и утре се одржува во Струга во организација на АД ЕЛЕМ.
Претходно, во обраќањето на Херитиџ фондацијата, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.