Македонија го одложи издавањето на еврообрзницата откако опозицијата ја оспори законитоста за издавање, објави пред малку Ројтерс, повикувајќи се на Интернешнел фајненшл ривју (IFR).
Издавањето беше одложено откако со писмо од 14 јули член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, исвестил дека државата нема соодветна правна основа за издавање на обврзницата и дека ако Сити груп, Дојче банк, Ерсте и Сосиете женерал продолжат со процесот тоа ќе значи кршење на одредени закони и прописи на Република Македонија.
Владата верува кореспонденцијата е политички мотивирана и дека не постои правна основа за оспорување на овластување или издавање на еврообврзницата.
Министерството за правда, во име на Република Македонија ќе излезе со правно мислења со кое ќе се потврди овластување и валидноста на издавање на еврообврзницата се вели во електронската пошта на која се повикува Ројтерс