РУСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА Е НАДОВРЗАНА НА СТРУКТУРИТЕ ОД БУГАРИЈА КОИ ОРГАНИЗИРААТ АНТИМАКЕДОНСКА КАМПАЊА, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ

    РУСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА Е НАДОВРЗАНА НА СТРУКТУРИТЕ ОД БУГАРИЈА КОИ ОРГАНИЗИРААТ АНТИМАКЕДОНСКА КАМПАЊА, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИПретседателот Пендаровски вели дека „овие работи почнаа на организиран начин откако ја прифативме европската рамка за преговори“. (Фото: Претседател на РСМ)

    Претседателот Стево Пендаровски вели дека организаторите на антимакедонски кампањи од Бугарија се поврзани со руската разузнавачка служба и ја повика Владата да им забрани влез на неколку бугарски државјани за да не присуствуваат на одбележувањето на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. За овој настан, Пендаровски кажа дека ќе биде од висок безбедносен ризик и додаде дека надлежните органи не смеат и нема да останат неми набљудувачи.

    „Во ситуација на организирани антидржавни кампањи од политички партии и поединци можеме да одговориме на два начина. Првин, со културна дипломатска реторика како и досега, и тој круг на провокации кој често не останува само на зборови и продолжува со насилство нема да заврши, но ние нема да прекинеме. Второ, со мерки која секоја сериозна држава ги презема во вакви ситуации. Мој предлог до Владата е да му забранат влез во нашата земја на еден бугарски европратеник и на неколку друг државјани на Бугарија заради дејствијата кои што порано ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава. Да ве потсетам, не се чекаше минатата година, на тројца бугарски државјани им беше откажан престој. Еден од нив е посебно гласен во врска со настанот на 4 февруари. Другите двајца беа кобајаги новинари, им беше откажан престој и им беше забранет влез во Македонија во наредните шест месеци. Реакции имаше. Не можам да одам во детали, само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“, кажа Пендаровски по денешната седница на Советот за национална безбедност.

    Претседателот не сакаше да ги именува лицата, но споменатиот бугарски европратеник е веројатно Ангел Џамбаски, а едниот со забрана за влез, кој сега е посебно гласен, како што кажа Пендаровски, е веројатно претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов.

    Пендаровски вели дека „овие работи почнаа на организиран начин откако ја прифативме европската рамка за преговори, каде што „освен барањето Бугарите да влезат во Уставот, што е бенигно, не влегоа клучните барања на бугарските националисти“.

    За вчерашната посета на Бујар Османи на Софија, кажа дека министерот за надворешни работи е вистински европеец затоа што останал смирен по навредите за Македонија од страна на неговиот бугарски колега Николај Милков.

    „Никој не може да му забeлежи на Бујар Османи за она што го говореше среде Софија. Треба да бидете стварно европеец, да останете со вокабуларот и однесувањето демократ на онакви страшни квалификации за вашата држава“, кажа Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира