РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ЦИВИЛИ Е ТЕШКО ПРЕКРШУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛИ ОСМАНИ

    РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ЦИВИЛИ Е ТЕШКО ПРЕКРШУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛИ ОСМАНИВо еден од најобемните руски напади од почетокот на војната, денеска се ракетирани и западните градови Лавов, Тернопил и Житомир, како и Днепар и Кременчук во централниот дел на земјата, Запорожје на југот и Харкив на истокот. (Фото: Твитер)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди денешното руско бомбардирање на украински градови, во кое што загинаа најмалку 24 луѓе. Османи вели дека бомбардирањето резиденцијални области е е тешко прекршување на меѓународното право и сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

    „Најсилно ги осудуваме ракетните напади на Киев и другите украински градови. Бомбардирањето на резиденцијални области од страна на Русија кое што одзема животи на невини цивили претставува сериозно прекршување на меѓународните закони. Сторителите мора да одговараат“, напиша Османи на социјалните мрежи.

    Во еден од најобемните руски напади од почетокот на војната, денеска се ракетирани и западните градови Лавов, Тернопил и Житомир, како и Днепар и Кременчук во централниот дел на земјата, Запорожје на југот и Харкив на истокот. Украинската војска соопшти дека најмалку 75 проектили биле испукани во овој бран напади низ земјата, од кои 41 биле неутрализирани од противвоздушната одбрана.

    Ова следува само два дена по нападот на единствениот мост што ги поврзува Русија и анектираниот полуостров Крим, за што Владимир Путин ги обвини безбедносните служби на Украина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира