САД ДОНИРАА 1.269 АВТОМАТСКИ ПУШКИ ВРЕДНИ 1,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА

    САД ДОНИРАА 1.269 АВТОМАТСКИ ПУШКИ ВРЕДНИ 1,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈАПримопредавањето беше во касарната во Ѓорче Петров, а присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Брнз. (Фото: К. Попов)

    САД денеска донираа 1.269 автоматски пушки М4 во вредност од 1,2 милиони долари како поддршка на развојот на лесната пешадиска батаљонска група на АРМ. Примопредавањето беше во касарната во Ѓорче Петров, а присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Брнз.

    „Ова е уште еден пример како работиме заедно за да бидеме сигурни дека кога нашите армии заедно ќе се борат и обучуваат ќе бидат интероперативни, не само со САД, туку и со армиите на НАТО. Ова е заложба вашата армија да биде не само подготвена и активна како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде и добро позиционирана да придонесува заедно со нашите армии. Ќе продолжиме да бидеме стратешки партнер во активностите за модернизирање на вашата армија“, кажа американската амбасадорка Кејт Брнз.

    Министерката Шекеринска кажа дека станува збор за дел од поголем проект финансиран од американката влада за модернизацијата на македонската армија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира