САД ИМА ПОЛНА ДОВЕРБА ВО АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ, ПОТВРДИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:54:"Вашингтон,(ГласотнаАмерика)

    САД ИМА ПОЛНА ДОВЕРБА ВО АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ, ПОТВРДИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    Американскиот Стејт департмент има полна доверба во амбасадата во Македонија и во амбасадорот Џес Бејли и нема промена во американската политика спрема Македонија, кажа в.д. портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер на прашањето на „Гласот на Америка на македонски“, по шпекулациите во некои медиуми дека амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД.

    Тонер потврди дека насоките за амбасадарот Бејли и неговиот тим се да “работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД”, додавајќи дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија.

    “Американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино”, кажа тој.

    Тонер нагласи дека САД како пријатели на Македонија силно ги поттикнуваат сите страни да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на Македонија.

    „Ние сакаме да видиме силна Македонија, на патот кон евро-атлантското семејство“, рече Марк Тонер.

    Соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ кои уследија по коментарот на амбасадата на САД во врска со напорите за составување влада, сугерираа дека ставот на амбасадата на САД не е во согласност со политиката на новата администрација на Доналд Трамп. Амбасадата на САД соопшти дека го следи „процесот на формирање на влада и ги поттикнуваме страните да ги продолжат разговорите во насока на формирање на нова влада”, по што ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение побара појаснување дали САД се против нови избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира