САД ПОБАРА ПОЦИВИЛИЗИРАН ДИЈАЛОГ ОТКАКО МИЦКОСКИ ГО СПОРЕДИ СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ СО НИРНБЕРШКИОТ ПРОЦЕС

    САД ПОБАРА ПОЦИВИЛИЗИРАН ДИЈАЛОГ ОТКАКО МИЦКОСКИ ГО СПОРЕДИ СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ СО НИРНБЕРШКИОТ ПРОЦЕСХристијан Мицкоски вчера во интервјуто за вестите на ТВ Сител, зборувајќи за притворот на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, еден од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, и престојното изрекувањето на пресудите што ќе биде в петок, рече дека тоа ќе биде „Нирнбершки процес за првпат запаметен во поновата историја на Република Македонија“. (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасада во Скопје побара поцивилизиран дијалог, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го спомена Нирнбершкиот процес против нацистите во контекст на судењето за нападот на Собранието на 27 април. Амбасадата на САД вели дека таквата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешни се користат минати настани.

    „Запалива реторика од политички лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешно се користат минати настани, како Нирнбершките судења, за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог за иднината на земјата. Критично е лидерите тука да се вклучат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за напредок на стабилноста и просперитетот на Северна Македонија“, соопшти Амбасадата на САД.

    Во интервку за ТВ Сител, Мицкоски рече: „Очекувам дека вкупната пресуда што ќе се случува во петок ќе биде над 100 години за сите тие луѓе таму. И ќе биде практично Нирнбершки процес за прв пат запаметен во поновата историја на Република Македонија. Се разбира, тоа е осветољубие и ништо друго. А од друга страна го имаме овој мафијашки пристап кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзекутирано, се апси, се приведува, а основа на тоа е една службена белешка, која повеќе или помалку е симптоматична“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира